Индустриските зони ја намалуваат невработеноста

Bez autora
Mar 18 2014

Мерките на Владата за продажба на неизградено државно земјиште по почетна цена од едно евро за квадратен метар ги дава ефектите и придонесува за намалување на невработеноста и за развој на економијата, нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при посетата на индустриската мини-зона во село Зубовце, Гостиварско. Досега, со новите мерки, се продадени 1.541 парцела наменети за инвестирање во нови објекти. Министерот во разговор со сопствениците на индустриските капацитети се запозна со развојот на нивните бизниси, откако на локација близу село Зубовце, почнаа со градба на пет нови објекти.

Индустриските зони ја намалуваат невработеностаМерките на Владата за продажба на неизградено државно земјиште по почетна цена од едно евро за квадратен метар ги дава ефектите и придонесува за намалување на невработеноста и за развој на економијата, нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при посетата на индустриската мини-зона во село Зубовце, Гостиварско.

Досега, со новите мерки, се продадени 1.541 парцела наменети за инвестирање во нови објекти. Министерот во разговор со сопствениците на индустриските капацитети се запозна со развојот на нивните бизниси, откако на локација близу село Зубовце, почнаа со градба на пет нови објекти.

- Мерката што ја воведовме пред три години ги даде своите ефекти. Со неа е овозможено да се изградат објекти на над триста локации. Целта беше да се вработат нови луѓе и да се намали невработеноста - рече министерот Миле Јанакиески.

Паралелната мерка на Владата, за намалување на комуналиите за 95 проценти, според министерот Јанакиески, дала дополнителни резултати за зголемувањето на интересот на стопанствениците за проширување и развој на своите бизниси.

Стопанскиот комплекс Зубовце се протега на околу 15 хектари, на територијата на општина Врапчиште и во него се развива прехранбено-преработувачка индустрија. Еден капацитет, месната индустрија „Kарнем“, целосно функционира, а годинава се очекува уште три да почнат со работа. Според најавите, таму ќе се вработат над сто луѓе.

Во Република Македонија, 45 општини имаат право да отуѓуваат државно земјиште. За последниве три години биле отуѓени вкупно 1.541 парцела, наменети за инвестирање во нови објекти. Од нив, за индустриски и производствени цели, општините отуѓиле 243, а Министерството - 74 парцели.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik